Лажниот преведувач на комеморацијата на Мандела сместен на психијатрија

Лажниот преведувач на заковен јазик сместен е во психијатриска болница во близина на Јоханесбурк. Како што пренесува всникот  „Стар“ сопругата на толкувачот  тврди дека боледува од шизофренија, во вторник го однела Јантије на контролен преглед во психијатриска установа, каде лекарите одлучиле да биде задржан.

„Изминатите неколку денови беа многу тешки. Му пруживме поддршка бидејќи можеби доживеа нервен слом“, вели неговата сопруга во изјава за весникот. Споругата на лажниот преведувач изјавила дека за неговото однесување на комеморацијата  е виновен неочекуваниот напад на шизофренија, поради која користел лекови. 

19.12.2013 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега