Два пожари за 24 часа - гореле депонии
Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.
Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации
20.04.2024 - 09:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа