Во знакот на пролетта, цветен фестивал од 17 до 21 април во Diamond Mall
Ако сте вљубеници во цвеќињата, кои се симбол на убавата страна на животот, Diamond Mall е вистинско место за вас. Од 17 до 21 април, под мотото „Расцветај“, ќе се одржи цветен фестивал, со кој симболично ќе се прослави периодот кога природата раззеленува и расцветува. Во рамките на фестивалот, голем број цвеќарници ќе ги престават своите вештини во изработка на цветни аранжмани за различни пригоди, а ќе споделат и многу иновативни идеи за декорација и украсување.
На цветниот фестивал „Расцветај“ на посетителите ќе им биде понуден голем избор на цвеќиња за внатрешно и надворешно уредување, како и расад од традиционални и нови семиња. Целокупниот асортиман на цветниот фестивал ќе биде достапен по промотивни цени за сите посетители. Изложбата на цвеќиња, расад и цветни аранжмани во рамките на фестивалот ќе биде отворена за посетители од 11:00 до 19:00 часот.
Овој настан е еден од низата содржини кои се дел од уникатниот концепт на Diamond Mall. Нудејќи врвно искуство, преку комбинацијата на шопинг, забава и дружење, Diamond Mall стана симбол за активен и исполнет социјален живот на Скопје. Покрај делот за шопинг со 150 продавници, во трговскиот центар се сместени и „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), каде што се лоцирани ресторани и кафулиња со разновидна понуда и „Зоната на соништата“ (Dream Zone), најголем едукативно-забавен центар за деца и млади.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа