Божиците на пластиката: Родителите ни даваат пари за операциите

Запознајте ги божиците на пластичните операции. 23- годишната Тијана и 26- годишната Сања кои се братучетки со нивниот уникатен и несекојдневен изглед го шокираа целиот Балкан.

 Имаме свој став, свое мислење среќни сме и задоволни. Најважно ни е тоа што имаме поддршка од нашите семејства, а сите останати можат да не остават на мира и да си ги гледаат своите животи бидејќи нашите се совршени, вели Сања.

Овие девојки имаат направено безброј операции дури изгледаат како да се близначки, но нивниот уникатен изглед предизвикаа негативни коментари како: Накази“, „Грешка на природата“, „антиреклама за пластична хирургија“ и уште многу други.

- Нас не не болат негативните коментари. Родителите ни ја даваат најголемата поддршка и цело време се со нас. Тие ни даваат пари за операции. Јас сум единица, татко ми работи во една фирма, а мајка ми е домаќинка. Живеам сама и во моментов не работм никаде, само студирам, вели Тијана 

Овие пластични операции ги чинело цело богатсто.

- Во себе вложив преку 10.000 евра, Сања исто така. Во менувањето на изгледот имавме поддршка и од естетскиот хирорг. Мажите не се плашат да ми пријдат, но сепак сега немам момче. Уживам во операции бидејќи не сакам ништо што е природно. Мислам дека сум убава и не мислам дека мојот изглед некому може да му пречи, заклучува Тијана која и покрај се нема да застане со операциите.

Но ова не е се Сања и Тијана по Нова година имаат закажано уште една пластична операција која за таа интервенција ќе ги чини 4000 евра. 

19.12.2013 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа