Дома криел оружје, моторни пили, туѓо „Мицубиши“ - сомнителен млад стружанец под лупата на полицијата

36 годишниот стружанец А.Ж. во својот дом чувал цел арсенал оружје. 

Според информациите од полицијата, вчера во домот на А.Ж во струшко Делогожда биле пронајдени три пиштоли и една полуавтоматска пушка како и повеќе парчиња куршуми, кои стружанецот ги поседувал без дозвола. При претресот, полицијата пронашла и едeн пиштол марка „Глог“ со 16 куршуми, но, за него стружанецот поседувал одобрение.

Кај А.Ж. пронајдени се и автомобил марка „Мицубиши“ со скопски регистарски таблички за кој не поседувал соодветна документација за сопственост, како и две моторни пили. Полицијата се сомнева дека автомобилот и пилите потекнуваат од кривично дело.

Од полицијата најавуваат соодветна пријава за стружанецот.

19.12.2013 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега