Пирати нападнаа грчки танкер во Нигерија - киднапирани капитенот и бродскиот инжинер

Пирати нападнаа грчки танкер со 18-член екипаж, од кои 17 Украинци и еден Грк, во близина на брегот на Нигерија, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

Напаѓачите влегле на бродот, ги уништиле уредите за комуникација, им ги одземале мобилните телефони на членовите на екипажот, ги киднапирале капетанот и бродскиот инженер и побегнале со глисер коннигерискиот брег.

Во нападот, кој е извршен на 65 километри од реонот на нафтени наоѓалишта во делтата на Нигер, не била употребена сила и никој не е повреден.

Украинското Министерство, грчката компанија „Медтанкерс менаџмент“, која е сопственик на бродот, и нигериските власти прават напори за пронаоѓање на заложниците и нивно ослободување. 

19.12.2013 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега