Еве кои ученици добија стипендии од МОН

Министерството за образование и наука на својата веб-страница (www.mon.gov.mk) ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии.

- Вчера беа објавени официјалните листи  на веб-страницата на Министерството за образование и наука и е извршена распределба на стипендиите по различни категории. Комплетно се распределени стипендиите за ученици од социјално загрозени семејства и за ученици со посебни потреби, останати се мал број стипендии за деца без родители и дел од стипендиите за талентирани ученици и спортисти за припадниците на малцинските заедници, кои повторно ќе бидат објавени, изјави министерот Спиро Ристовски денеска по посетата на ОУ „Мирче Ацев“. 

Министерството за образование доделува вкупно 737 стипендии во различни категории, од кои најбројни се за учениците од социјално загрозени семејства.

Министерот Ристовски објасни дека е многу задоволен од процесот на распределба на ученичките стипендии зашто е направена врз основа на новите законски правила, преку целосно транспарентна и одговорна постапка, со која стипендиите ги добиваат ученици кои навистина ги исполнуваат законските услови. 

Проверете кои ученици ги добија стипендиите од МОН.

 

19.12.2013 - 11:47
Фото: 
vmro-dpmne.org.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа