ВИДЕО: Апсење на Салиу

 

Целиот инцидент со апсењето на новинарот Фуркан Салиу е документиран и обезбедени се докази. Техничкиот министер за внатрешни, Тошковски вели дека ги гледал снимките кои ги направиле полициските службеници за време на вчерашниот инцидент. Вели, во службените белешки кои ги напишале службениците е наведено напад врз службено лице, но според него, како адвокат, во најмала рака имало попречување на службени дејствија.

Тошковски, при посета на Полициската станица во Шуто Оризари се соочи со Салиу каде кажа дека постојат точно утврдени правила за поседување оружје и тој пиштолот морал да го чува дома, пренесува Сител ТВ.

Сега Внатрешна контрола ќе го испитува целиот случај. За ова потврда има и Тошковски и од неговиот заменик кој доаѓа од СДСМ. Бојмацалиев нема да коментира додека Внатрешна не си ја заврши работата.

-Нема да давам повеќе од тоа што е кажано во соопштението на МВР бидејќи од денеска и внатрешна контрола е вклучена во самиот тек. Што точно се случувало, зошто е уапсен, на кој начин е уапсен, дали имало потреба и што е преземено, по завршување на извештајот на внатрешна контрола ќе го дадам мојот целосен коментар.

Салиу вели дека пиштолот го носел зашто пред да оди на фудбалскиот натпревар бил во стрелиште кое го посетувал секој викенд. Тврди дека не нападнал никого, а правдата ќе ја бара преку внатрешна и судовите.

Инцидентот во Средно Коњаре е причина за кавга меѓу најголемите политички партии во државата. За опозицијата, законите мора да важат за сите. За власта, пак, апсењето мириса на режим.

Дозвола за поседување оружје значи дека тоа мора да се чува дома, расклопено и компонентите да се чуваат посебно. Согласно Законот за оружје, доколку се пренесува пиштол со дозвола од едно на друго место, тоа мора да се пријави. Доколку лицето не пријавило, предвидена е прекршочна казна од 20 до 30.000 денари, или казна затвор од 60 дена.

08.04.2024 - 19:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега