Со еден литар се возат 2.000 километри - стружанец смислил мотор на вода

Возило што работи на вода наместо на гориво е најновиот изум на стружанецот Димче Шипинкароски, кој открил како водата да ја претвори во запаллив гас.

Стружанецот објаснува дека со еден литар вода можат да се поминат околу 2.000 километри, со тоа што возилото не се адаптира целосно да работи на вода, туку водородот и кислородот стимулираат да дојде до согорување на нафтата или бензинот.

- Исправата за патент која што ја добив се однесува за адаптација на дизел аграгатниот мотор на Ауди А6 во конкретниот случај, но истиот може и да се в гради и на останатите бензиски и дизел мотори. Со оваа адаптација која се вградува во моторот на возилото, значи со дестилација на водата, се дели водата т.е. се дели водата на две водородни единици и една кислородна единица. Со ваквата смеса која потоа се вбризгува во самиот мотор се добива некаде 40 до 50 проценти намалување на потрошувачката на гориво и самото возило е доста по стартно. Ваквиот систем доаѓа до целосно согорување на нафтата и нема штетни издувни гасови бидејќи целата согорува без остатоци, вели Шипинкароски.

Шипинкароски уште во 2011 го поднел барањето за патентирање на неговиот изум, а патентната исправа ја добил две години подоцна.

 

19.12.2013 - 10:44
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега