Шојбле: Словенија може да го избегне меѓународниот спасувачки пакет

 

Словенија може да го избегне меѓународниот спасувачки пакет, но треба да преземе построги економски мерки, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. 

Словенија минатата недела ги објави плановите за приватизација на 15 големи државни претпријатија и за зголемување на ДДВ-то, со цел да ги закрепне јавните финансии и да избегне да стана следната земја од еврозоната по Кипар, која треба треба да добие спасувачки пакет. 

- Словенија може и без тој спасувачки пакет, но треба во голема мера да го спроведе болното преструктурирање на својата економија, рече Шојбле. 

најчитано сега