Црна Гора ја одби Русија - нема отварање воена база во Бор

Како што објави црногорскиот весникк „Вијести“ Русија побара дозвола од Црна Гора да отвори своја воена база во Бар, која би била логистичка поддршка за нејзината поморска флота во Середоземното Море, но Подгорица го одби ваквото барање.

Повикувајќи се на извори во црногорската Влада, „Вијести“ наведува дека Црна Гора испратила негативен одговор на барањето од Русија, која не е сигурна дека ќе може да ја задржи својата поморска база во пристаништето Тартус во Сирија.

Сириското пристаниште има голем стратешки интерес за Русија, бидејќи и овозможува да биде присутна во Средозменото Море. Имајќи го предвид воениот конфликт во оваа земја и можноста еден од условите за негово решавање да биде заминување на Русите од Тартус, Москва како алтернатива го избрала Бар, бидејќи сите останати земји во регионот „се или во НАТО или под влијание на Западот“. 

Во црногорската Влада подолго време е разгледуван одговорот за Русите, а еден од најжестоките противници на договорот со Москва била министерката за одбрана Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, наведува весникот.

Дел од црногорското образложение за одбивањето на руското барање содржи повикување на меѓународното право. „Вијести“ пишува дека евентуалната согласност на Подгорица за стационирање на руска војска во Бар би значело „крај на приказната за интегрирање на Црна Гора во НАТО“.

19.12.2013 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа