Македонската Влада забрани новогодишни прослави

Владата не дозволува прослави на Нова Година на сметка на граѓаните. Како и лани, така и годинава, новогодишни прослави на трошок на буџетот нема да има.

Владата на РМ и оваа година реши да ја продолжи мерката со која се предвидува органите на државната управа, јавните претпријатија, фондовите, агенциите и акционерските друштва во државна сопственост да не одржуваат прослави на државен трошок, и да не доделуваат новогодишни пакетчиња од буџетски средства. Нема да се исплаќа ниту регрес за годишен одмор, а сите субјекти се задолжени да ја почитуваат оваа мерка, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Препорака на Владата е оваа мерка да ја почиуаат и органите на локалната самоправа, градинките и основните и средните училишта

19.12.2013 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега