Новогодишни пакетчиња за дечињата од ранливите групи

Црвениот крст на Македонија и ЕВН Македонија и оваа година организираат новогодишна хуманитарна акција „Да споделиме радост“.

По тој повод во Македонската опера и балет ќе се одржи новогодишна претстава на која ќе им бидат доделени пакетчиња на децата од социјално загрозените семејства, на децата со пречки во развојот и инвалидитет, како и на штитениците од домовите и од згрижувачките центри за деца од улица.

Пакетчињата ќе ги поделат претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија  Вернер Хенгст и генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија,  Саит Саити. 

19.12.2013 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега