Пратениците го изгласаа пролонгирањето на изградбата на автопатот Кичево-Охрид

 


Пратениците го изгласаа Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка. Согласно новата регулатива, новиот рок за довршување на делницата Кичево-Охрид е 31.12.2026 година.

Министерот за транспрт и врски Благој Бочварски рече дека Законот не повлекува дополнителни финансиски импликации.


– Надзорот и ФИДИК експертот утврдија дека се релаизрани 83,84 проценти од проектот и се побара продолжување. Причините за пролонгирање на проектот се добро познати, а пред сѐ се долажат на појавата на 13 нови свлечишта што бара дополнително проектирање и нови технички решенија – рече Бочварски.

Анексот на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, што почна да се гради во февруари 2014 година, ќе биде шести по ред. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколкуте анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра.

01.04.2024 - 15:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега