Се за љубов - Цела година ја бара девојката во која се заљубил за новогодишната ноќ

Младиот  Рис Мек Ки од Нов Зеланд последнава година ја поминал барајќи ја девојката која ја запознал за новогодишната ноќ во Хонг Конг.

Кејти, за која Мек Ки незнае ништо друго освен името и тоа дека живее во Вашингтон, таа ноќ седела сама на тротоарот и плачела затоа што си ги изгубила пријателите во гужвата таа ноќ.

Тој се обидел да ја расположи со својот лош хумор и таа ноќ се забавувале заедно додека Кејти не ги пронашла своите пријатели. Таа му дозволила да ја фотографира и потоа се разделиле, но Кејти му порачала да ја пронајде.

Дечкото од Нов Зеланд, кој претходно бил повреден и проаѓал низ тешки маки, одлучил да ја пронајде оваа девојка и со тоа можеби да се пронајде и самиот себе.

Тој ја заборавил нејзината меил адреса и потрагата ја започнал на Фејсбук, а илјадници луѓе се придружиле да му помогнат во потрагата по девојката.

Оваа приказна ја дознале и медиумите кои направиле голем притисок на  девојката почнала да добива толку многу пораки што морала да ги избрише сите профили од социјалните мрежи. Таа во моментов се наоѓа на југот на Франција, а Новинаритен  успеале да добијат нејзина кратка изјава дека таа не е сигурна колку ѝ се допаѓа Мек Ки и нема да донесе никаква одлука додека тој не ѝ се јави.

19.12.2013 - 09:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега