Почина актерот Луис Госет

 

Американскиот актер Луис Госет Џуниор, кој доби Оскар за најдобра споредна машка улога, почина на 87-годишна возраст во Лос Анџелес.

Оскар и американски Златен глобус доби за улогата на наредник во филмот „Офицер и Џентлмен“ во 1983 година.

Тој глумеше во повеќе од 60 филмови и во многу ТВ серии, вклучително и „Корени“ од крајот на 1970-тите, која го гледаа повеќе од 100 милиони гледачи ширум светот. Глумеше и во филмовите „The Deep“, „Blue Chips“, „Daddy’s Little Girls“ и „Firewalker“.

Роден њујорчанец, Госет играше и улоги на силеџија во акциони филмови како „Железниот орел“ (1986).

Тој во своите мемоари го опиша тешкиот почеток на кариерата бидејќи е црнец. Затоа за време на неговото прво патување во Лос Анџелес во 1960-тите, полицијата го претресувала четири пати.

Дебитираше во претставата „Направи џиновски чекор“, која беше прогласена од „Њујорк тајмс“ како една од десетте најдобри драми на Бродвеј во 1953 година.

Три пати се разведуваше и имаше две ќерки, а во 2010 година објави дека боледува од рак на простата.

29.03.2024 - 19:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега