Седници на две собраниски комисии

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат Комитетот за односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комитетот за односи меѓу заедниците е имплементацијата на правото на ефективна партиципација на заедниците во културниот живот, а Законодавно-правната комисија ќе расправа за предлог измените на Законот за вештачење и на Законот за парнична постапка, двата во второ читање. 

19.12.2013 - 08:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега