Маглата ќе си оди - сонце и 11 степени во Македонија

- Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб ветер од јужен правец. Во некои котлини ќе има појава на ниска облачност со утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопската котлина претпладне ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со слабо изразено воздушно струење. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.

19.12.2013 - 08:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега