Ковачевски: СДСМ креира мерки за силна економија, ликвидни компании и европски животен стандард
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусијата насловена „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“.
Денешната трибина, како што посочи Ковачевски е добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите од нив, во делот на поддршката на инвестициите и економијата, но истовремено и да се види што е она што треба да се преземе за уште подобри резултати.
Ковачевски посочи дека за силна економија е потребен ликвидно и силно стопанство, нови фабрики, раст на инвестициите, капитални инвестиции во инфраструктурата, развиено земјоделство, подобар животен стандард преку повисоки плати и пензии, пристап до ЕУ пазарите.
Справувањето со предизвици, поддршка на домашната економија и компаниите преку правилни таргетирани мерки, финансиска поддршка, раст на платите, беа во фокусот на дискусијата, кои воедно се и дел од столбовите во новата програма на СДСМ.
Ковачевски потенцираше дека правилните политики на Владата предводена од СДСМ, овозможија континуиран раст на платите и во време на криза.
28.03.2024 - 19:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа