Уапсен фудбалер на Победа од Прилеп - ограбил обложувалница

Фудбалерот на Младост од Велика Обарска, Владо Марковиќ (29), е уапсен поради повеќе вооружени грабежи на подрачјето на Бјелина. Покрај Марковиќ, уапсени се уште двајца негови пријатели. Тие во неделата вечерта ограбиле една фирма во Леленчи, а набрзо потоа биле уапсени.

Марковиќ и неговите пријатели во полицијата признале дека во септември годинава ограбиле и две обложувалници во Бјелина. Крадците во моментов се наоѓаат во притвор.
Марковиќ е познат по инцидентите, а во април беше уапсен во Зеница, но набрзо потоа беше пуштен на слобода.

Марковиќ досега има играно за Победа од Прилеп, ОФК Београд, Борац од Бања Лука, Славија од Источно Сараево, Скендербег, Теута, Печуј и за Челик. 

18.12.2013 - 23:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега