Колку пари бараат македонските пејачи за настап за Нова Година

Благоја Грујоски, Миле Кузмановски и уште неколку познати имиња од македонската музичка сцена велат дека настап во новогодишна ноќ изнесува од 200 до максимум 2.000 евра - доколку се пее на плоштад, и дека сумата од 15.000 евра е чиста измислица, оти дел од нашите пејачи се "утепани" за да можат да ќарат толкав хонорар иако се фалат

Македонските фолкери им се лутеле на градоначалниците оти фрлале илјадници евра за да донесат пејачи од Хрватска и Србија, додека голем дел од нив се мачеле да договорат новогодишна тезга по минимална цена. И додека едните се лутат оти заработувачката е мала, оние поснаодливите веќе си договориле тезги, во и надвор од Македонија, а цената за која се резервирале да пеат за новогодишните празници, барем како што велат, се движи од 2.000 до 15.000 евра. Па, оттука се поставува прашањето кој ја крие вистината - оние што велат дека новогодишните тезги не се платени или оние кои велат дека ќе заработат и до 15.000 евра?! 
Благоја Грујоски, Миле Кузмановски и уште неколку познати имиња од македонската музичка сцена велат дека настап на новогодишна ноќ изнесува од 200 до максимум 2.000 евра - доколку се пее на плоштад, и дека сумата од 15.000 евра е чиста измислица, оти дел од нашите пејачи се "утепани" за да можат да ќарат толкав хонорар иако се фалат. Како и да е, ниту Адријана, ниту Маријан Коцев, Молика, Даниела Темелковска, Миле и Благоја нема да седат дома без работа, освен Гонце, која и официјално најави дека повеќе нема да пее.

18.12.2013 - 23:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега