Аеродромот Александар Велики вечерва затворен за сообраќај

Поради густа магла аеродромот Александар Велики вечерва е затворен за сообраќај, јавува Нова. Од аеродромот за Нова потврдиле дека во Скопје нема услови за слетување и полетување па поради тоа, патниците се редиректираат на аеродромот во Охрид.

- Аеродромот во моментов работи, но поради големата магла нема можности за слетувања и полетувања, така што оние коишто се на распоредот се пренасочени кон аеродромот во Охрид, „Св. Апостол Павле“, или кон аеродромот во Софија, потврдуваат за НОВА од информацискиот пункт на „Александар Велики“.

Аеродромските служби немаат информации кога би можела да се очекува нормализирање на воздушниот сообраќај во Македонија

18.12.2013 - 21:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега