На Морси ќе му се суди и за шпионажа

На Мохамед Морси ќе му се суди и по обвинение за „шпионажа на странски организации со цел извршување на терористички дела во Египет и за откривање јавни тајни“.

На Морси, кој во јули е сменет од власт по само една година управување со земјата, веќе му се суди за учество во убиството на опозициски демностранти.

Освен за него, денеска се поднесени обвиненија и уште против 35 луѓе, меѓу кои поранешни советници на претседателот и лидери на исламистичкото движење „Муслиманско братство“

18.12.2013 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа