Тошковски: Од понеделник започнуваме со нов начин на издавање на лични карти во Скопје
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека од понеделник започнува нов начин на издавање на лични карти во Скопје.
Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, истакна Тошковски.
„Затоа, од понеделник, 11.03.2024г. започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта“, посочи Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа