ДНК: Собравме 80.000 евра за Лео - парите ги предадовме на тетка му
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2024/02/29/leo.jpg?itok=itvgN4E1)
„Собраните средства од хуманата лицитација заедно со златната бубамара, денес беа предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам“, соопшти групата ДНК вечерва на социјалната мрежа ФБ.
„Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија.
Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно.
Во име на Лео и неговата фамилија,
Фала ви од срце“, стои во објавата на групата.
29.02.2024 - 19:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа