Тетовчанка „оперирала“ во болница - полицајци ја фатиле како краде паричник
Вчера во 12 часот и 55 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 42-годишната тетовка П.С..
Таа била затекната при обид да изврши кражба на паричник на 54-годишна тетовка во една од собите на тетовската Клиничка болница.
П.С. била задржана во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
28.02.2024 - 12:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа