По смртта на Навални, Путин дава унапредувања во „Поларен волк“: Повисока функција добило лицето коешто вршело тортура врз рускиот опозиционер
Рускиот претседател Владимир Путин унапреди висок затворски функционер неколку дена по смртта на водечкиот опозициски лидер Алексеј Навални, јави ДПА.
Заменик-шефот на Федералната казнена служба (ФСИН) Валери Бојаринев беше унапреден во чин генерал-полковник во Министерството за внатрешни работи.
Директорот на Фондот за борба против корупцијата, организацијата основана од Навални, на Телеграм напиша дека Бојаринев е лично одговорен за тортурата на опозиционерот во затворот.
20.02.2024 - 17:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа