Поради ниските температури можна е голомразица - внимавајте како возите

 

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани и по претежно суви коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Теренските активности (геодетски мерења) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, од 10 декември се изведуваат на потегот од село Дељадровци кон клучка Рафинерија, во должина од 2000 метри. Поради ова, левата сообраќајна лента физички е затворена за сообраќај. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија, од 27.11.2013 започнаа геодетски активности за што е воведена времена измена на режим на сообраќај и за истата е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Времетраењето на измената ќе трае до 27.01.2014 г. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

Асфалтерските работи на патниот правец Струмица (Костурино) – Раброво (Р1401) се завршени. Во наредните денови ќе се одвиваат завршни активности по страничните делови на коловозот, поради што во периодот од 10:00 до 14:00 часот, сообраќајот повремено ќе се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3) и Македонска Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да се одвиваат до средината на декември.

На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза се одвиваат од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.

Патниот правец Р2 332, Охрид - Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15.11.2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.

18.12.2013 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа