Колку чини едно возење со пајтонот по скопските улици

 

Уште пред неколку дена во Скопје дојаваа два бели липицанери кои ќе ја влечат градската кочија. Станува збор за новата туристичка атракција која на посетителите на метрополата ќе треба да им овозможи со кочија да се шрошетаат по скопските улици. Иако од Градот Скопје се уште нема информација, колку ќе ве чини едно такво задоволство, дневниот Весник вечер пишува дека за возење со кочија предлогот бил да се наплаќа по 100 денари.

Кочијата во внатрешноста е обложена со црвено кадифе и со две дрвени врати, а на неа е вграден црн подвижен покрив од водоотпорна кожа. 

Идејата за кочијата со коњи е на градските власти,  кои за проектот одвоија 40.000 евра. Коњите се набавени од Грција по цена од 18.000 евра и припаѓаат на расата липицанер. Пајтонот ќе може да се користи и за свечени пригоди и ќе може да се изнајмува.

ФОТО: А1он

најчитано сега