За Албанците Македонија не претставува закана - опасност гледаат во Грција
Над 18 отсто од 1.200 албански граѓани кои биле опфатени во анкета, Грција ја гледаат како опаснот за Албанија.
На прашањето од која држава доаѓа опасност за Албанија, 46,4 отсто одговoриле дека по земјата нема закана од ниту една држава, 18,5 отсто дека заканата доаѓа од Грција ,17,2 отсто од Србија, а многу мал број од испитаниците рекле дека тоа се Македонија, Италија и Црна Гора.
Се работи за Студијата направена од Меѓународниот институт за студии со грчката фондација за надворешна и европска политика со која се оценуваат и други значајни прашања.
Спроведената анкета во Грција, потврдува дека Грците не гледаат опасност од Албанија, но 41 отсто од нив никогаш не чуле за прашањето за Чамите.
- Анкетите спроведени во двете земји потврдуваат дека треба многу да се работи, не само од страна на владите на двете земји, туку и општеството, посебно медиумите. Двете земји треба да ги подобрат односите, изјави за телевизијата „Визион плус“ Пиро Миша.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа