Згодната Џина Џиновиќ ужива на Малдивите: Накитот кој го носи вреди цело богатство
Џина Џиновиќ, ќерката на пејачот Харис и дизајнерката Мелина, кои моментално се во процес на развод по 22 години љубов, никогаш не ја криела љубовта кон скапите ткаенини, чанти и чевли.
Сепак, се чини најскапите работи кои таа ги поседува се парчиња накит.
Џина уживаше на Малдивите, а во таа прилика посебно внимание привлече нејзиниот скап накит.
И тоа не било какви парчиња, туку од најпрестижните куќи за накит: „Картие“ и „Тифани“.
Џина позираше со жолто златна нараквица украсена со 204 дијаманти вредна неверојатни 47.500 евра.
На раката носи и две идентични „тифани“ алки: едната во бело злато со тиркизно од 6.000, а другата во жолто злато од 5.550 евра, или од 11.550 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа