Апсење на скопскиот аеродром: Стигнал патник, кој во Турција си купил холандски пасош
Вчера, на скопскиот аеродром бил приведен Г. Р. Х. А. (52) од Холандија за кого имало барање од Интерпол, а исто така постоело сомнение дека холандската патна исправа, што ја дал на увид, била фалсификувана.
Од МВР информираа дека со него бил извршен службен разговор, во кој изјавил дека холандската патна исправа ја купил во Република Турција, а неговата иранска патна исправа ја дал во замена за холандската.
Тој е предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
18.01.2024 - 13:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа