Денеска е Св. маченичка Варвара и Св. Јован Дамаскин - за многу години

Света Варвара се роди во Хелиопол, за царувањето на Максимијан. Татко и беше незнабожец. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко и. Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко и дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко. Денес Црквата го слави и свети Јован Дамаскин. Живееше во осмиот век. Со голема ревност и длабочина на мислата го бранеше православието и почитувањето на иконите од иконоборците.

17.12.2013 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега