Министерот Џафери во работна посета на Тирана
Министерот за одбрана Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија.
За време на посетата, министерот Џафери ќе оствари одвоени средби со својот домаќин, министерот за одбрана на Албанија, Арбен Имами, како и со политичкиот врв во земјата, односно, претседателот Бујар Нишани, претседателот на Собранието, Јозефина Топали, со претседателот на Собраниската комисија за одбрана и безбедност, Леонард Деми и бригадниот генерал Бардил Хоџа, командант на Копнената војска на албанската Армија.
Република Македонија и Република Албанија, меѓусебната соработка на полето на одбраната и безбедноста ја темелат на Спогодбата за билатерална соработка од 1998 година, Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за одбрана на двете земји, како и во рамките на САД- Јадранската повелба.
Воедно, двете соседни земји соработуваат и на проекти во духот на концептот „паметна одбрана“, потоа во рамки на СЕДМ иницијативата и РАЦВИАЦ-Центарот за безбедносна соработка.