Тројца Роми загинаа во пожар во Лион
Две жени и едно дете загинаа во пожар во една фабрика во Лион. Фабриката била напуштена и истата била користена како живеалиште на 200 Роми. Најголемиот дел од нив потекнуваат од балканските земји.
Станува збор за привремен биланс на катастрофата, според пожарникарите бројот на загинатите може да достигне шест, па дури и седум лица.
Пожарот избувнал некаде по полноќ во објектот кој се наоѓа на улицата Одибер-е-Лавирот во Осмиот арондисман во Лион.
Според Жилбер Ренар, член на Лигата за човекови права, во канцелариите на напуштената фабрика живееле околу 300 Роми, меѓу нив многу деца на мала возраст исто како и бремени жени.
Тие, според него најчесто спиеле во подтаванските простории. По пребарувањето на зградата, пожарникарите ги открија изутринава телата на две жени и едно дете. Преживеаните се префлени во една спортска сала во блиското училиште. Спасувачките екипи очекуваа засилувања со кучиња за барање на преживеани за да ја пребараат целосно опожарената зграда.