Вооружениот напад во Њу Орлеанс е улично насилство, а не терористички акт
Портпаролот на ФБИ во Њу Орлеанс, истакна дека масовната пукотница која што се случи во градот, била акт на улично насилство, а не на терористички напад.
- Тоа е вообичаен акт на улично насилство во Њу Орлеанс, нагласи таа.
Во јужниот американски град во државата Луизијана е забележан едно на највисоките нивоа на криминал во САД.
Според последните информации во пукотниците се ранети 19 лица, од кои десет мажи, седум жени и две десет годишни деца. Двајца од ранетите се во тешка состојба.
Масовната пукотница беше отворена за време на парадата по повод Денот на мајките, кој во САД се одбележува секоја втора недела во месец мај. На парадата учествувале околу 200 лица.
Полицијата трага по тројца осомничени.