ВИДЕО: Специјалци ги носат со лисици на рацете – Снимка од апсењето на осомничените за потонувањето на сплавот „Картел“
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, УКП, Оддел за истрага за експлозии, пожари и несреќи во соработка со Првото основно јавно обвинителството, привеле четири лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело предизвикување општа опасност.
В.М.(45), А.Е.(42), М.М.(37) и Н.Б.(33) се уапсени и се осомничени дека дозволиле присуство на повеќе од дозволениот број посетители на сплавот „Картел“ во вечерните часови на 23 декември поради што потонал овој угостителски објект.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа