Македонски лекари ќе добијат сертификат од Универзитетот од Истанбул

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска потпиша Меморандум за соработка со ректорот на Универзитетот од Истанбул, проф. д-р Јунуз Сојлет со кој се дефинира соработката во континуирана едукација на доктори и специјалисти од Република Македонија во повеќе области од медицината, како што се: педијатрија, анестезиологија, неврохирургија, повеќе хирушки гранки, урологија, радиологија, радиотерапија, нуклеарна медицина...

- Меморандумот ќе се реализира преку пилот-проект од три години и во тој период ќе се реализира обука на наши доктори во траење од еден, три или шест месеци, по што ќе се здобијат со сертификат од Универзитетот во Истанбул. Преку обуките на здравствениот кадар се обезбедува стекнување најнови знаења,примена на најсовремени техники на лекување преку екстерен облик на усовршување, има за цел да го подигне нивото на стручно знаење и да го унапреди квалитетот на здравствените услуги во сите облици на здравствена заштита во секојдневната пракса, рече Тодоров.

Министерот за здравство потенцираше и дека преку континуираната едукација која ја овозможува Министерството за здравство на медицинскиот кадар од Македонија досега се реализирани едукации на околу 500 здравствени раотници во поголем рој реномирани здравствени установи во странство. Со едукациите се овозможува оптимална искористеност на апаратите, давање квалитетна здравствен услуга и примена на посложени здравствени интервенции кои недоволно се работат во Македонија или за нив пациентите се упатуваат во странство.

- Универзитетот во Истанбул е еден од најстарите во Турција, има многу искусни професори и специјалисти. Постои и друга причина за мојата среќа денеска. Македонија е земјата на мојот татко и ми претставува привилегија што може да и служам на оваа земја, додаде Сојлет.

16.12.2013 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега