„То Парон“: Грчкото МНР нема одговор на меѓународната кампања на македонските власти

Весникот „То Парон“ денеска пишува дека грчкото МНР нема соодветна реакција на меѓународната кампања што ја водат македонските власти.

- Скопје има посебен интерес Атина да го остави теренот отворен за властите на Македонија да спроведуваат кампањи со цел да ги промовираат своите позиции и да ја клеветат Грција. Груевски во последните недели ги посети и Брисел и Берлин, додека и други официјални претставници на Македонија исто така се движат про-активно за да ја убедуваат европската  и меѓународната јавност дека одговорноста за нивната не интеграција во НАТО и не отворањето пристапни преговори со ЕУ ја сноси исклучиво Атина, која со нелегално вето ја прекршува времената спогодба”, пишува „То Парон“.

Весникот додава и дека  грчката страна досега секогаш позитивно ги користела внатрешните конфликти во Македонија, „а особено појавата на албанскиот фактор како компонента на идентитетот на земјата“. Но сега, според весникот, тие веќе не се ни обидувале да ги искористат дипломатските интервенции, како што била посетата на американскиот амбасадор Пол Волерс на Тетово.

- Дебатата која што ја отвори американскиот амбасадор ја поддржува грчката позиција, но од друг агол и конечно забележува дека идентитетот треба да биде поврзан со новото име на државата. И во мултиетничка држава како Македонија, за да се избегнат внатрешни конфликти, треба да се избере моделот на политички идентитет наспроти националниот кој што не го карактеризираат етничко-религиозни или културни елементи, туку името на државата ќе понуди нови вредности на заедницата, се вели во текстот на „То парон“.

16.12.2013 - 14:21
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега