Идната година камен-темелник на новите автопати во земјава

Директорот на агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски денска најави дека камен-темелник на новите автопатишта ќе биде поставен идната година.

Се работи за автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, за кој како што истакнува Димовски нема никакви проблеми.

- Засега нема  проблеми при експропријацијата бидејќи  со самата градба на патиштата вредноста на земјиштето што е покрај автопатот расте, наведе Георгиевски на прес-конференција на која даде отчет за реализираните активности во тек на годината што изминува.

Во завршна фаза се преговорите со заинтересираните субјекти за осовременување на патарините со воведување нов систем. Веќе е усвоен изгледот на идните патарини и е проследен до сите апликанти што се јавија на тендерот, којшто се одвива во две фази.

- Очекувам веќе до крајот на годината да биде доставена целокупната докуметација  од сите што се јавија на тендерот, повеќето се меѓународни фирми и после тоа им ги доставуваме проекти за да во втората фаза дадат и цена за градба. Се надевам до крајот на февруари  веќе да имаме склучено договор за да може  да се почне со реализација. Првата точка за реалииација секако ќе биде наплатната станица Романовце каде годинава имавме  тесни грла во одредени временски период особено околу август во тек на годишните одмори, појасни Георгиевски.

16.12.2013 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега