Новогодишен концерт на Македонската филхармонија

 

Традиционалниот Гала новогодишен концерт на Македонската филхармонија ќе се одржи на 26 декември, четврток, во Салонот на МОБ, со почеток во 20 часот.

Со оркестарот ќе диригира маестро Борјан Цанев, а ќе бидат изведени композиции од Моцарт, Гуно, Росини, како и валцери, полки и мазурки на мајсторите на виенската музика од семејството Штраус.

Како што соопшти Филхармонијата, билетите се веќе во продажба на билетарницата во Домот на АРМ по цена од 600, 800 и 1.000 денари.

Новогодишен концерт ќе има и за најмладите, на 21 декември, во сабота, исто така во Салонот на МОБ, со почеток во 12 часот, под диригентство на Борјан Цанев. Ќе бидат изведени популарни композиции во новогодишен дух кои најмладите ќе ги поведат на незаборавно празнично музичко патување. Актерот Мартин Јорадноски ќе биде аниматор на концертот, а билетите по цена од 150 денари се веќе во продажба. 

16.12.2013 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега