(ВИДЕО) Николов: Меџити да одговори колку „Онкологии" има во комплексот клиники Мајка Тереза
„Министерот за здравство, Фатмир Меџити очигледно не го интересира работењето на јавните здравствени установи. И додека тие се распаѓаат во секоја смисла, за него поважни се турнеите низ светот, како што му е важно да си игра министер за надворешни работи. Празните флоскули во неговите соопштенија за таквите патувања низ светот јасно покажуваат дека Меџити не го интересира функционирањето на здравствениот систем. Уште помалку е заинтерсиран за бенефитот на здравствените работници и функционирањето на здравствениот систем“, обвини на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.
Прво, кога и колку надзори во овие пет установи извршиле и контролирале надлежните институции. Или кога и колку контроли направило Министеството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот завод за ревизија и Државниот санитарен и здравствен инспекторат?
Второ, доколку имало контроли на работата што е констатирано од надлежните институции и да се објават забелешките?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа