Пендаровски се откажа од трката за Претседател утрото по прес конференцијата на Спасовски

 

Претседателот Пендаровски најави дека се откажува од трката за втор претседателски мандат. Пендаровски денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали планира да се кандидира за нов мандат, одговори негативно.

Интересно е што Пендаровски за прв пат најавува дека нема да се трка за втор мандат и тоа ден откако неговиот главен противкандидат Оливер Спасовски на прес конференција објави дека е расчистено двојното убиство на Вања и Панче.

Сепак, веројатно и Пендаровски не е сигурен дали ќе трча за втор мандат, а оние кои што следат политика знаат дека за тоа ќе има шанси само ако биде поддржан од коалицијата на СДСМ и ДУИ. Какво е расположението таму, се уште не може да се добие прецизен впечаток, а партијата се уште не излегува со информации.

Политичките лидери во понеделникот на лидерска во Собранието се договорија парламентарните избори да се одржат во ист термин со вториот круг од претседателските на 8ми мај. 

06.12.2023 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега