Каратист од Велес, е еден од осомничените за убиството на Вања
Пет лица се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес.
Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини.
Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство – 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа.
На распитот го откриле времето кога е убиен Вања, и кога е убиен Панче.
„Го имаме признанието на осомничените кој е за што одговорен“, изјави вчера обвинителот Гаврил Бубевски.
Според Бубевски, тие во своите изјави рекле дека ја убиле Вања затоа што работата излегла од контрола.
„Тоа е нивната верзија“, додаде Бубевски.
Видевски на своите профили на социјалните мрежи објавувал фотографии со децата кои ги тренирал боречки вештини.
Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа