Не седете надвор и не проветрувајте - воздухот во Скопје се уште е многу загаден

 

Последните мерења на Министерството за животна средина и просторно планирање од утрово во 6 часот покажуваат високи концентрации на ПМ10 во воздухот во сите општини во Скопје, иако мерењата покажуваат дека за разлика од претходните денови се на пониско ниво, од 90 до 180 микрограми на метар квадратен.

 

Многу висока концентрација на ПМ10 е измерена во Тетово. 

Надлежните вчера најавија дека инспекторите за животна средина на Градот Скопје се во мобилна состојба.

 

Загаденоста во Скопје, веќе шест дена е над дозволеното. Локалната самоуправа пред два дена излезе со препораки до граѓаните да не престојуваат на отворено, да не проветруваат и да не ги користат автомобилите доколку не е неопходно.

 

Надлежните институции најавија дека ќе седнат заедно и ќе утврдат какви мерки да се преземат доколку ова загадување продолжи повеќе од 10 дена.

 

Во текот на оваа недела треба да бидат испорачани и ставени во функција два мобилни апарата за мерења и анализи на квалитетот на амбиентниот воздух, со што за првпат ќе се докажува поврзаноста на загадениот воздух и загадувачот. Овие апарати ќе бидат поставувани на таканаречените жешки точки во Скопје, но и во другите градови.

Се препорачува да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови, граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично.

Се апелира до стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да одбегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина и Инспекторатот на Град Скопје, стои во соопштението.

16.12.2013 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега