Регулаторна одлучи: Од полноќ значително поевтинување на дизелот
Значително поевтинување на дизелот од полноќ, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Тие на седницата одржана денеска одлучиле од полноќ цената на дизелот да се намали за 2,5 денари по литар. Цената на бензините нема да се промени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа