Трајановски: Ја следиме состојбата со загадувањето во Скопје

 

Таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска изјави дека се следи состојбата со загадувањето во Град Скопје.

- Градот Скопје врши контрола кај нив. Јас не ги знам точно податоците, но кај оние што е најдено поголемо загадување укажано им е да престанат со нивното работење и да ги намалат причините кои доведуваат до загадувањето, рече Трајановски, кој денеска заедно со министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција.

Тодоров, пак, информираше дека дел од големите компании со „А“ еколошка дозвола како Макстил и ОКТА веќе две недели не работат. 

- Доколку продолжи ова загадување повеќе од десет дена, ние согласно одлуката на Владата, ќе треба да седнеме заедно со претставници на министерствата за здравство, животна средина, за внатрешни работи и Градот Скопје и да се видат препораките што треба да се преземат по десетдневно континуирано загадување, изјави Трајановски.

Трајановски додава дека интензивно се работи за состојбата да се подобри: - Тие не се малку туку се 64 отсто, а 36 се затоплуваат преку топлификација. Од тие 64 отсто, 48 се затоплуваат на дрва, 40 отсто на струја, 8 отсто на нафта, а два отсто на гас и два отсто на јаглен. Се апелира до оние кои индивидуално ги загреваат своите домаќинства да користат што подефинирани средства, изјави Трајановски.  

Според министерот за здравство одговорноста за загадувањето што го имаме денес во Градот Скопје е на сите оние генерации што поминале, но оти обврска на денешните структури е тоа да го променат. Повтори дека наредната недела треба да бидат испорачани и ставени во функција двата мобилни апарати за мерења и анализи на квалитетот на амбиентниот воздух.

- Ова што го имаме денеска е резултат на повеќе фактори и на подолг период, изјави Тодоров. Причините за загадувањето, според него, сега можеби не треба да ги лоцираме во големите капацитети бидејќи веќе две недели се исклучени и не работат како Макстил, Окта и други. Министерот рече дека новите апарати може да се стават на располагање на Градот Скопје за да се истражи дали оние компании кои имаат „Б“ интегрирани дозволи се причина за загаденост или не.

 

15.12.2013 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега