Анкета ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, Мицкоски со тројно повисок рејтинг од Ковачевски
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.
Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања. Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето е реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
Најголем број од учениците во анкетата би гласале за партијата ВМРО-ДПМНЕ.
За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?
Политичар со најголема доверба според анкетата на ИМИС е лидерот на опозицијата Христијан МИцкоски со убедлива предност пред Али Ахмети и премиерот Димитар Ковачевски.
Во кој политичар имате најголема доверба?
Најголем дел од граѓаните пак се за заеднички избори.
Дали сметате дека Парламентарните избори треба да бидат заедно со Претседателските во мај следната година или треба да бидат одвоени?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа