„Отворен ден со граѓаните“ на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор на Република Македонија од утре стартува со проектот „Отворен ден со граѓаните“.

Средбите со граѓаните на кои ќе присуствува и генералниот директор Цветко Грозданов ќе започнат од Охрид, а првата средба е предвидено да се одржи во периодот од 10 до 14 часот во Подружницата на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор на булевар „Туристичка“. 

Целта е сите заинтересирани субјекти да можат да се информираат за сите прашања поврзани со работата на подружниците на акционерското друштво низ земјата.

15.12.2013 - 11:40
Фото: 
Билд.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега