Започна погребот на Нелсон Мандела

Започна испраќањето во вечното живеалиште на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела. 

Како што пренесоа светските медиуми, од Мандела се простиле 100 000 жители на Јужна Африка, а за време на погребот кој ќе биде мешавина од традиционални ритуали, христијански елементи, и елементи кои се карактеристични за погреб со државни почести, ќе има голем број светски лидери.

Церемонијата почна со верската песна „Го држиш своето ветување“

За потсетување, Мандела почина на 95-годишна возраст.

15.12.2013 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега